Локации од општина Делчево снимени низ објективот на CAROLIN WEINKOPF
Monday, July 5, 2010
Каролин, Алек и Надин на локација во с.Град
Професионални фотографи од Германија Carolin и Nadine заедно со нивниот теренски водач од Битола Алек во петок 01.07.2010 год. беа во општина Делчево со работна цел да снимаат фотографии од нашето поднебје (вклучувајки секакви мотиви, но пред се портрети и акти на обични луѓе од сите генерации кои живеат во Делчево). Оваа фотографска репортажа доаѓа како дел од проектните активности на оваа фотографска двојка што од 20 Јуни до 16 Јули 2010 год. ги спроведуваат на територијата на цела Р.Македонија, во соработка со локални луѓе и институции.
Надин, Каролин и локални жители од с.Разловци
Карактеристично за нејзините фотографии е што таа особен акцент им дава на локациите и местата но во симбиотичка врска со луѓето кои живеат и работат во овие места, како една жива целина нераскинливи едни од други. Без оглед на восхитувачките пејсажи, колоритни предели и спектакуларни или секојдневни глетки на нејзиниот неуморен објектив-сепак луѓете се тие кои се вистинската причина за постоењето на нејзините фотографии. Низ една динамична шареноликост на мотиви и тематски идеи таа го претставува животот низ неговата вистинска слика со целата негова убавина но и суровост. Времето, просторот, местата но и карактерноста, погледите и изразот на лицата на нејзините "реални" модели, се основните теми кои се проткајуваат низ нејзините фотографии, кои во секој случај заслужуваат целосна почит и високи оцени.
Каролин Ваинкапф
0 коментари:
Post a Comment