Соопштение
Friday, June 18, 2010
Британскиот совет (British council) заедно со Центарот за неформално образование Триаголник како партнери, во рамките на проектот Активни граѓани(Active Citizens) организира обука за млади луѓе од 5 општини во Р.Македонија. "Активни граѓани“ е програма на Британскиот совет од областа на интеркултурниот дијалог и глобалното граѓанство. Проектот се реализира во 30 земји во Европа.
Програмата ќе придонесе учесниците во проектот подобро да се запознаат со нивната локална заедница, ќе ги мотивира да делуваат во заедницата и да добијат појасна претстава за тоа каде е нејзиното место во светот, како и на кој начин нивното локално делување се отсликува на глобално ниво.
Откако ќе се збогатат со ова искуство тие значително ќе придонесат кон социјалните промени во нивната заедница и глобалниот одржлив развој.
Имено во првата фаза од проктот ќе бидат обучени 60 претставници, од секторот образование, локална самоуправа и невладини организации кои понатаму активно ќе работат со млади луѓе на проекти за активно граѓанство.
Програмата која се однесува на обуката за работа со млади на околу 70 учесници во проектот од следниве општини : Куманово, Теарце, Кавадарци, Делчево и Скопје ќе се одвива од почетокот на јуни до февруари.
0 коментари:
Post a Comment