Во сабота 04.12.2010 год. Во фоајето на Спомен домот АСНОМ се одржа јавна дебата на тема респрава за ХИВ вирусот. На дебатата учествуваа членовите на Дебатниот клуб во Делчево, со формирани два тимови , кои дебатираа околу состојбите со распространетоста на ХИВ вирусот, но уште повеке околу перцепцијата за ова заболување кај граѓаните и институциите на системот во Република Македонија.
Ова беше прва јавна дебата од ваков афирмативен вид на јавни настани, организиран единствено од младите во Делчево, кои на овој начин завземаат своја улога во Делчево, во третирањето на доста чувствителни и актуелни теми, кои ги засегаат токму младите. Дебатата беше спроведена во соработка со ФИООМ, Младинскиот образовен форум, како и ЕЛС Делчево.
По Дебатата беше планирено да се спроведе еден нов вид на афирмативен настан (досега невиден во Делчево и ретко виден во цела Македонија), преку методологијата на т.н. Флеш моб активности, но истиот не се спорведе поради временските неприлики.
0 коментари:
Post a Comment